Селфито убива петпати повеќе луѓе од ајкулите

Loading...

Во потрага по оригинална селфи-фотографија, се заборава на опасноста што таа авантура на позирање ја носи, па затоа многу обиди завршуваат со смрт.
Така, меѓу октомври 2011 и ноември 2017 година, најмалку 259 лица ширум светот на тој начин го загубиле животот, објави индиското стручно списание „Џурнал оф фемили медисин“.
Тоа значи дека петпати повеќе луѓе загинале при самослик, отколку во напад од ајкула. Во тој временски период, 50 лица биле убиени од ајкула.
Иако жените во просек прават повеќе селфија, дури три четвртини од починатите се мажи. На врвот во оваа статистика е Индија, каде што 159 лица го загубиле животот при обид да се сликаат. Индиските власти утврдија и зони во кои селфито е забрането. Само во Мумбај се регистрирани 16 смртни случаи.


Тоа се главно млади луѓе. Некои од нив, на пример, загинале сакајќи да се фотографираат на голема височина, или пак, на шини со воз во позадина.
Русија се наоѓа на второ место на оваа ранг-листа, со 16 жртви на екстремното селфи. Најчесто се работи за луѓе што паднале од мост или од зграда.
Во САД 14 лица загинале при селфи, од кои повеќето сликајќи се со огнено оружје во рака. Но, има и неколкумина кои паднаа во Гранд Кањонот на реката Колорадо

loading...