Сениорска титула е следната цел на Јакупи

Loading...

„Европската титула која ја освоив во Конја е резултат на многу труд и напорна работа“, со овие зборови на новинарите им се обрати, Берат Јакупи, освојувачот на златниот медал, на Европското првенство за кадети, јуниори и постари јуниори, кое изминатиот викенд се одржа во турскиот град Конја.
Јакупи во Коња само ја продолжи серијата на успешни настапи на континенталните првенство во помлади категории, претходно тој беше кадетски шампион во Париз во 2009 година, јуниорски шампион во Измир во 2010 година.„Немам намера со резултатите да застанам тука, се надевам дека ќе го продолжам континуитетот на добри резултати и дека еден ден ќе станам европски и светски првак во сениорска конкуренција, што е сон на секој спортист“, рече европскиот првак во категоријата над 78 килограми за постари јуниори, Јакупи.Македонскиот каратист кој е член на Карате клубот Фати, за постигнатиот резултат од Агенцијата за млади и спорт доби 24-месечна стипендија, во износ од една просечна месечна плата.Покрај златото на Јакупи, македонската експедиција од Европското првенство се врати со уште два бронзени медали, кои ги освоија Моника Пендаровска во кадетска и Виктор Крстевски во јуниорска конкуренција.„Многу сум задоволна од мојот успех, осум години вежбав за да постигнам ваков резултат. Овој медал многу ми значи бидејќи прв пат учествувам на вакво натпреварување. Тука нема да застанам, овој медал ми е само мотив за поголем успех, поголема борба“, рече Пендаровска.Крстевски до бронзата стигна по потешкиот пат, низ репасажот, откако во второто коло забележа пораз.„Медалот мие драг затоа што ми е прв поединечен од европските првенства, претходно имам екипен медал од Европското првенство за региони. Се надевам дека на следното натпреварување ќе го повторам и зошто да не да го подобрам овој резултат“, рече Крстевски.Следното големо натпреварување за македонските каратисти ќе биде Светското првенство кое ќе се одржи во Шпанија.
Макфакс„Европската титула која ја освоив во Конја е резул

loading...
Loading...