Сенфот го намалува нивото на лошиот холестерол

Резултатите од истражувањето се објавени на веб-страницата на универзитетот.
Студијата го испитувала ефектот од секојдневната употреба на една кафена лажичка сенф во текот на 12 недели. Од 42 учесника, на 86% од испитаниците им било намалено нивото на холестерол во крвта. Останатите немале позитивни реакции на зачинот. Се наведува дека сите јаделе сенф од истата марка и состав.
Учесници во експериментот биле луѓе на возраст од 40 до 70 години. Имале проблеми со вишок килограми или им била дијагностицирана клиничка дебелина. Текстот објаснува дека јаделе сенф пред спиење секоја вечер со малку крекери или без ништо.
Научничката изјавила дека кај некои нивото на холестерол било намалено за 10% до безбедната горна граница. Резултатот од таквата промена во исхраната е сличен на резултатот од долга нискокалорична диета, додава таа.
Во текот на експериментот, исто така, било утврдено дека сенфот го намалува нивото на гликоза во крвта. Докторката подвлекува дека исхраната богата со сенф би била корисна и за луѓето со дијабетес.

Пронајдете не на следниве мрежи: