СЕРИЈА НАПАДИ ВРЗ ПРОРУСКИ СЛУЖБЕНИЦИ: Еден е кренат во воздух во канцеларија, застрелан градоначалникот на Бердјанск! Пет лица загинаа

За само неколку часа најмалку пет проруски функционери на територијата на Украина под руска окупација, пренесува Гардијан. Тоа се локални лидери назначени од Москва.

СЕРИЈА НАПАДИ ВРЗ ПРОРУСКИ СЛУЖБЕНИЦИ: Еден е кренат во воздух во канцеларија, застрелан градоначалникот на Бердјанск! Пет лица загинаа

Проруски функционери беа убиени на територии оддалечени стотици километри, во Луганск на исток, во Керсон на југ и во Бердјанск. Руските сили го обвинуваат Киев за смртта, а Украина не презеде одговорност за ниту еден од нападите, барем јавно.

Луганск

Во бомбашки напад во самопрогласената Народна Република Луганск, загинаа главниот обвинител и неговиот заменик, а во ракетен напад врз административна зграда во Керсон, загинаа најмалку тројца проруски функционери, пишува новинарот на Ројтерс Феликс Лајт.

Бердјанск

Што се однесува до Бердјанск, таму според руските сили биле убиени градоначалникот и неговата сопруга додека биле на пат кон изборната комисија задолжена за организирање на референдумот за приклучување кон Русија.

Градската управа не соопшти детали за тоа како Олег Бојко и неговата сопруга Људмила Бојко биле убиени во нивната гаража во Бердјанск, која се наоѓа во областа Запорожје во јужна Украина. Но, градската управа ги опиша убиствата како „двојно убиство“.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.