Серија силни земјотреси ја стресоа Албанија, почувствувани и во Македонија

Во близина на градот Корча во јужниот дел на Албанија утрово се осетија серија силни земјотреси. Првиот земјотрес со интензитет од 4.9 степени според Европската макросеизмичка скала беше регистриран во 6 часот и 26 минути на 18 километри јужно од Корча, на границата меѓу Албанија и Грција. Земјотресот најсилно е почуствуван во градот Корча, но и во Поградец, Охрид, Струга и Ресен.
Вториот потрес со интезнитет од 5 степени се случи во 6 часот и 33 минути, а засега нема информации за причинета штета.