Сестрата е прв пријател и втора мајка!

Loading...

Да имаш сестра е еден од најголемите благослови на овој свет. Врската помеѓу сестрите е нераскинлива, цврста и никој не може да ја раскине со надворешна сила. Еве неколку потсетувања зошто е добро да се има сестра:
Таа е секогаш тука за тебе
Често пати се случува да ви треба некој пријател или услуга и не можете да најдете никој токму во оној момент кога ви се најпотребни. Но таа никогаш не ве остава на цедило. Иако си има и свои проблеми за неа сте секогаш приоритет и тука еда ви помогне.
Таа знае се за тебе и понатаму е со тебе
Никој не знае повеќе тајни од сопствената сестра. Ве знае кога сте најдобри но ве познава и кога сте во најлошо издание. Ве прифаќа такви какви што сте и ако може ќе ви помогне да се промените. Нема да ве остави да страдате сами. Ќе ви го покаже патот, ако може и ќе го изоди заедно со вас.
Таа те сака најмногу од сите
Семејната љубов е бесценета. Таа трае се до крајот на животот. Може да има подеми и падови но нема да избледне. Нема да исчезне. Таа ве врзува засекогаш.
Таа е најдобра пријателка
Многу пријателки ќе дојдат и ќе си одат но таа останува секогаш и во добро и во зло. Нема да ве изневери. Може да се налути понекогаш. Но пак ќе се врати.
Таа е втора мајка
Да, таа се грижи за вас како втора мајка. Дали сте добри, дали сте здрави, дали ви треба нешто. Секогаш мисли на вас и сака да ви помогне за секоја ваша потреба. Понекогаш може и да претера но не злонамерно. Тоа е бидејќи ве сака од се срце.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...