Сестрата на Меган “распалила” по принц Хари: Тој е слабак, Дајана би се срамела од него

Постарата полусестра на Меган Маркл, 53-годишната Саманта, не престанува да ги провоцира членовите на кралското семејство.
Овен што константно ја напаѓа Меган, овој пат се насочила директно на принцот Хари.
Прво рекла дека Хари требало да се ожени со својата поранешна девојка Кресида Бонас, затоа што е таа “многу слична со Дајана”, а потоа го исмејувала британскиот акцент на Меган.
Саманта упатила нареди и на сметка на принцот Хари, нарекувајќи го слабак и изјавувајќи дека неговата покојна мајка би се срамела од него, а сето тоа ог напишала на Твитер.

“Хари е слабак бидејќи и дозволува на Меган лошо да се однесува кон сите што и се блиски, посебно своето семејство. Дајана би се срамела. Престани да ја носиш нејзината долна облека и не дозволувај таа да ги носи пантолоните во врската”, му порачала Саманта.

Инаку, иако Саманта и Меган не биле со години во контакт, полусестрата на војвотката не престанува да “ја изнесува нејзината долна облека во јавноста”, како и постојано да и упатува критики.
Освен Саманта, сопругата на Хари неодамна имала и проблем со својот татко, кој за прилично голема сума на пари изнел тајни од нејзиниот живот.