Сет Мекфарлан веќе нема да води доделување на Оскарите

Loading...

Американскиот актер Сет Мекфарлан изјави дека повеќе нема да води доделување на престижните филмски награди Оскар, бидејќи неговиот настап наиде на критики поради неумесните шеги, јавува во петокот Sky News.

 Триесет и деветгодишниот Мекфарлан, најпознат како автор на сатиричната анимирана серија „ Family Guy”, рекол дека било забавно да се води доделувањето на филмските награди во Лос Анџелес, меѓутоа и дека тоа не би го повторил.
Медиумските и блогерите го осудија годинешното доделување на најпрестижните филмски награди, особено поради шегите на Сет Мекфарлан за градите на актерките и владеењето на еврејското лоби во Холивуд.
Инаку изборот Мекфарлан да ја води церемонијата на 85-то доделување на Оскарите се сметаше за обид на американската Академија за филмски уметности и науки да привлече помлада публика. И покрај критиките за водителот, податоците покажуваат дека ова доделување било најгледаното досега меѓу помладата популација.
Макфакс
Американскиот актер Сет Мекфарлан изјави дека повеќе нема да води доделување на престижните филмски награди Оскар, бид

loading...