Сеуште е рано за отворање на границите, според Филипче

Loading...

Сеуште е рано за отворање на границите, според Филипче

Венко Филипче, во интервју на ТВ 24 говореше за тоа дека границите треба да се отворат на еден синхронизиран начин со соседите и сеуште е рано. Можен термин, после постигнување на договор е средината на јуни за целосно да се отворат македонските граници. Доколку се разбира нешто не се промени со пандемијата.

„Во Србија и Босна и Херцеговина изминатите денови има пораст на заразените. Ние разговаравме со Грција, разменивме искуства, каков е таму бројот на пациенти. Има некои отворени прашања кои се многу битни. Прво, дали ќе се бараат тестови кога границите целосно ќе бидат отворени, каков ќе биде третманот ако евентуално некој ќе се разболи таму од Ковид 19. Разговаравме да се олесни практично преминувањето на граничните премини, за да нема многу чекање…го чекаме официјалниот став на Грција во текот на идната недела. Мислам дека е прерано сега да ги отвориме границите“ рече во својот настап министерот.

Историски ден: завршена е успешно првата трансплантација на срце во земјава

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...