Се венчале во Лас Вегас: Драгана Мирковиќ беше во љубов со советникот на Заев

Српската пејачка пред да се омажи со сегашниот сопруг Тони била во долгогодишна врска со Зоран Башановиќ. Тој не и бил само момче туку и личен менаџер. Љубовта завршила во 2000 година кога Драгана го оставила за сегашниот сопруг кој е еден од најбогатите Срби во Австрија. Зоран исто така се оженил и добил ќерка.

Но, Драгана никогаш не ја заборавил иако не останале во никаков контакт. „Еспресо.рс“ пишува дека тие дури и се венчале во Лас Вегас иако тој брак не се смета за официјален.
Башановиќ денеска е специјален советник на премиерот Зоран Заев за економски прашања.
Драгана Мирковиќ е најголем фан на луксузните автомобили, а нејзиниот возен парк изнесува и до 3,5 милиони евра.
Драгана заедно со нејзиниот сопруг Тони Бјелиќ во својот возен парк ги поседуваат најлуксузните модели на „ферари“, „ламбурџини“, „ролс – ројс“, „бентил“. Имаат и неколку автомобили „мајбах“, а се и сопственици на фабриката „Мајхаб купеа“.
Мирковиќ за својот 50ти роденден од директорот на Мерцедес доби автомобил со персонализирани таблички на кои пишува „ДМ 50“. Драгана и Тони се сопственици на автомобили за трки.

Loading...