Се води истрага за Ден Дончев потврди денеска Вилма Русковска

Loading...

Се води истрага за Ден Дончев потврди денеска Вилма Русковска

Три институции тргнале во потрага по вина како доскорешниот директор на фондот за здравство Ден Дончев се стекнал со околу 50 илјади евра, и не ги пријавил.

Управата за финансиско разузнавање, по барање на Обвинителството за организиран криминал, утврдила дека Дончев во 2018 година добил 3 милиони денари или околу 50.000 евра од македонската компанија регистрирана за интернет-портали со седиште во Муртино „Ремаркет“, чии приливи пак доаѓале исклучиво од австралиската „Мегантик“. На оваа фирма Дончев и давал консултациски услуги.

КОРОНАВИРУС: 16 нови случаи, 2 починати, 16 излечени

Претходно против Дончев беше поднесена кривична пријава од поранешната сопственичка на Диамед Вера Иванова, за злоупотреба на службена положба и уцена. Сега како што се зборува се води истрага и за перење на пари од страна на Ден.

На сето ова тој одговара дека е запознат дека се води истрага против него и немал намера да ја напушта државата. И додава дека приходот уредно го пријавил во УЈП.

Ден Дончев неодамна си поднесе оставка од директорската функција во ФЗО поради „семејни причини“.

За тоа чиј кадар е Ден на Фејбук и на Интернет се води дебата меѓу Геровски и Љубчо Георгиевски. При што Љубчо побара Геро да не му го лепел Ден…

Ајде уште еден одговор за Branko Geroski!Како прво Геровски има искинато многу повеке пара чевли од мене низ годините…

Публикувахте от Ljubco Georgievski в Петък, 15 май 2020 г.

На крај од краиштата изгледа Ден не е ничив. Само една работа е нејасна, како дојде до толку силна позиција со политичкиот систем? Сам? Не веруваме!

 

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...