Се вртите во кревет и не можете да заспиете?! Оваа боја на постелнина е најдобра за мирен сон!

Loading...

Причини за несоница има многу – од стрес на работа до, како што сите знаеме од бајките, зрно грашок под душекот. А, во овие турболентни времиња, се чини, бројот на оние кои се соочуваат со овој проблем од ден на ден е се поголем.
Резултатите од студијата која ја спроведе американската национална фондација за спиење сугерираат дека луѓето спијат многу подобро кога нивните спални соби се уредни и чисти, а постелнината – во хотелски стил, бела.
– Повеќе од 1.500 луѓе на возраст помеѓу 25 и 55 години учествувале во глобалното истражување. Детално проучувавме како различни медицински и бихејвиорални проблеми влијаат на сонот. Бевме изненадени колку многу луѓе се чувствителни на звуци, мириси и визуелни ефекти, кога станува збор за ноќниот одмор, вели Дејвид Клоуд, шеф на експериментот.
Никакви проблеми со спиењето не искусиле 42% од испитаниците, веднаш потонале во сладок сон и се пробудиле одморни и расположени. Но за останатите – креветот често се претвора во вистинска тортура. Меѓу физичките причини се набројуваат: неудобен кревет и груба постелнина, температурата во просторијата, силна светлина, мирис и врева.
– Запомнете еднаш за секогаш! Креветот е само за спиење и секс – вели Клоуд. Но многумина во него гледаат телевизија, читаат хорор романи, пијат кефир, се расправаат, а потоа се прашуваат зошто не можат да спијат.
Важна компонента за здрав ноќен сон е и бојата на постелнината! Додека меките перници и миризливите средства не помагале, промената на бојата на постелнината на многу луѓе уште како им помогнале совршено да се опуштат. Значи идеална комбинација за спалната соба се: бледо-розови ѕидови и снежно-бела постелнина. И двете бои имаат смирувачки ефект, ги смируваат непријатните емоции и ги опуштаат мускулите, и тоа за само 10-15 минути.
Белата постелнина пренесува чувства на чистота и мир, што придонесува подобро да спиете. Но, затоа пак, впечатливи принтови и украси на постелнината ја раздразнуваат и вознемируваат психата. Нежните пастелни нијанси, секако делуваат привлечно. Но, барем запомнете дека повеќето хотели на светот имаат чаршафи и навлаки на перниците во бела, а не во бледо-розова или сина боја.
Според мислењето на психологот на Фондацијата која го правеше истражувањето, постелнината во бела боја е гаранција за најдобар сон. И не заборавајте на квалитетот на постелнината. Важно е да биде пријатна за телото, а идеална е од памук или сатен.

loading...