Се гледа ли крајот на пандемијата на КОРОНА?

Според СЗО, бројот на смртни случаи поради Ковид-19 минатата недела бил најмал од март 2020 година.

Се гледа ли крајот на пандемијата на КОРОНА?

Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус денеска изјави дека светот никогаш не бил во подобра позиција да стави крај на пандемијата на коронавирус.

Тој ги повика земјите да ја продолжат борбата против вирусот, од чии последици досега загинаа повеќе од шест милиони луѓе, пренесува Ројтерс.

  • Се уште не сме таму, но крајот се гледа – рече Тердос за време на виртуелна прес-конференција.

Според СЗО, бројот на смртни случаи поради Ковид-19 минатата недела бил најмал од март 2020 година.

Се намалува и бројот на случаи на мајмунски сипаници, но Тедрос ги повика земјите да ја продолжат борбата.

Гебрејесус рече дека, како и со коронавирусот, сега не е време за опуштање.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.