Се демонтира СКОПЈЕ 2014 – ВМРО-ДПМНЕ како по обичај молчи

Loading...

Пред очите на нашата јавност секојдневно се разградува она што беше градено за граѓаните и со респект кон историјата. Се сеќавате дека пред неколку месеци беше демонтиран насилно споменикот на Ќосето (Андон Лазов Јанев) со помош на тешка механизација. Немаше ни протести ни ништо. Се разбира власта не се сврте со механизацијата кој Хасан Приштина кој како дивоградба е поставен спроти Ќосето. Тој не беше и не смее да е на дневен ред. За жал. Иако идејниот творец на оваа идеологија „фамозниот“ Грчев кој патем е љубител и на фашизмот во својот дуел со Филип Петровски на „Само Вистина“ рече дека смеел да руши и албански споменици… Но тоа е само демагогија како што можете да видите и самите да се уверите.

Сега наместо да се руши Хасан Приштина го потфатија вовчето од Центар и вртелешката за деца. Лично сме биле сведоци на многу насмеани дечји лица… Ама за Шилегов тоа е небитно. Еве го соопштението кое циркулира: „Вртелешките и возот од плоштадот во центарот на Скопје се преместени во паркот кај авионот во населбата Аеродром. Реквизитите се уште не се пуштени во употреба, а во паркот се подготвува теренот и за поставување на каруселот, кој е дел од проектот „Скопје 2014“. Детската вртелешка е во барок стил, со дрвена ротирачка платформа, со фигури на коњчиња, кочии и чашки. Пред неколку дена беше отстранета од плоштадот, каде беше поставена пред пет години, а за неа Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ плати 162.600 евра, обезбедени од буџетот на Град Скопје. Вториот карусел, во вредност од 180.000 евра ќе биде преместен во паркот во населбата Чаир…“ Жално нели. Да се светиш на ствари само затоа што не си способен да изградиш ништо. Се надевам ваучерите на Шилегов не ги сметате за градба или достигнување… И најсетне, ВМРО ќе гукне ли? Или пак ќе се понуди „конструктивно“ да помогне?

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...