Се е подготвено за изборите во недела

Loading...

Државната изборна комисија утрово го презеде доверливиот материјал, гласачките ливчиња и друг материјал потребен за претстојните претседателски избори, како и за вонредните избори за градоначалник во општините Охрид, Дебар и Ново Село. Процесот на преземање и дистрибуција на материјалот што го изработи битолската печатница „Киро Дандаро“ го следеа претседателот на Државната изборна комисија Оливер Деркоски и членови на ДИК.
-Се е подготвено. Членовите на ДИК го подигнаа материјалот и се упатија кон своите дестинации за да го достават тој материјал до ОИК. Се се одвива беспрекорно и сметам дека в недела ќе нема никакви проблеми во смисла на квалитетот на гласачкиот материјал, изјави Деркоски.
На прес – конференцијата во Битола, претседателот на ДИК ги демантираше лажните вести за ликот на гласачкото ливче, публикувани од социјални медиуми.
-Во оваа прилика сакам  да демантирам одредени шпекулации кои се појавија на социјални мрежи, а поврзани со изгледот на гласачкото ливче. Како што претходно кажавме, гласачкото ливче го содржи знамето на нашата држава, редните броеви на кандидатите, име и презиме на кандидатите, и симболите на политичките партии кои дадода согласност за тие симболи. Други ознаки на гласачкото ливче нема и нема потреба јавноста да се доведува во заблуда за наводни други додатоци, изјави Деркоски.

loading...