Се занимавала со земјоделство, па го запознала синот на Брена- идната снаа на пејачката се пофали како ужива во луксуз

Loading...

Најмалиот син на пејачката Лепа Брена ја однесе на семејниот одмор новата девојка Сандра Мијалковиќ прво во Монако, па сега во Ница.
Тие двајца во друштво на Брена и Бобо секојдневно уживаат во убавините на Монако, а сега и на Ница и моментите од луксузните ресторани, возења со автомобили, плажите и хотелите ги споделуваат на социјалните мрежи.


Идната снаа на Брена денеска се пофали како се возат со луксузен автомобил кабриолет, додека претходно исто така во Монако нејзиното момче предизвика лавина на коментари откако сподели дека се вози со „Ролс Ројс“ попознат како „Фантом“.

 

View this post on Instagram

 

🇲🇨

A post shared by Viktor Ernest Zivojinovic (@viktorernest) on


Инаку девојката на Виктор има 26 години, студира на Филолошкиот факултет во Белград и работи како шминкерка.

 

View this post on Instagram

 

💋

A post shared by Sandra Miljakovic (@sandramiljakovic) on


Српските медиуми пишуваат и дека таа додека била во средно училиште работела и земјоделска работа за дневница од 20 евра и никој не ја памети во нејзиното место по скандали или лошо однесување.

loading...