Се намалува бројот на корисници на Facebook

Loading...

Facebook губи милиони корисници секој месец и тоа на најголемите пазари, покажуваат независни истражувања.

Facebook забрзано се подготвува на инвеститорите да им ги покаже своите резултати од работењето во првото тромесечје од годинава, а аналитичарите проценуваат дека дошло до зголемување од 36 отсто во однос на претходната година.
 Меѓутоа, минатиот месец, најголемата друштвена мрежа изгуби дури шест милиони корисници во Америка, што претставува пад од 4 отсто, според анализите на фирмата SocialBaers.
 Во Велика Британија намалувањето изнесувало 1,4 милиони, или пад од 4,5 отсто
 Корисниците, исто така, наоѓаат алтернативи во социјалните мрежи во Канада, Шпанија, Франција, Германија и Јапонија. Од Facebook никој не сакал да ја коментира информацијата, пишува Guardian.
 „Проблемот е во тоа што во САД и Велика Британија многумина што сакаат да имаат профил на Facebook веќе го имаат.Меѓутоа, факторот на досада го прави својата а и желбата да се проба нешто друго. Дали Facebook ќе тргне по патот на MySpace? Ризикот е релативно мал, но не може да се каже дека не постои”, вели специјалистот за нови медиуму Јан Мод од Enders Analysis.
 Алтернативните друштвени мрежи како Instagram, страна за делење фотографии која освои 30 милиони корисници за 18 месеци пред Facebook да ја преземе, е се попопуларна кај младите.
 Path, социјалната мрежа за корисници на смартфони, која ја основа поранешен вработен во Facebook Дејв Морин, добива дури милион корисници неделно
 Бројот на корисници на Facebook се уште забрзано расте во Индија и во Јужна Америка.
Меѓутоа, на развиените пазари, се помалку има профили на оваа друштвена мрежа.
 Се намалува и бројот на минути кој Американците ги поминуваат на Facebook. Просекот во декември 2012 година беше 121 минута, но се намали на 115 минути во февруари.
Facebook губи милиони корисници секој месец и тоа на најголемите пазари, покажуваат независни истражувања.

loading...
Loading...