Се огласи градоначалникот на Крива Паланка: ВМРО за само два месеци го прелажа народот!

Во изминатиов период по однос на многу прашања, се трудам да се воздржам од политички коментари и ставови, бидејќи за да се биде носител на функцијата Градоначалник е позиција која што лично јас со мојата работа секој ден се трудам е да ја извршувам без политички поделби и испраќање на пораки дека сите подеднакво се важни и битни, бидејќи луѓето не бираат за да работиме, ама не и за да водиме политика.

Но, никако неможам да ги премолчам и останам имун на последните неколку случувања кој што ја брануваат јавноста, а притоа и македонската но и новинарската јавност очигледно молчат!

На последните парламентарни избори ВМРО дојде на власт благодарение на реториките кои што се темелеа и ги подгреваа граѓаните на национална основа. Затоа што само пред два месеци сите ние бевме предавници, а само тие патриоти, затоа што сите ние не ја сакавме државата, а тие ја сакаа многу повеќе од нас.

Но, што се случи само во последните два месеци, а притоа како кула од карти им се сруши концептот со која што ги освоија мнозинството на гласови?

Денес никако неможеме да премолчиме кога :

1. Во Собранието на РСМ за прв пат се држеше верски чин на молење на верници од исламска верска припадност.
Дрскост и невиден преседан !

2. Денес на славењето на најголемиот државотворен празник на Македонците, Мицковски држеше говор на Мечкин Камен со превод на Албански јазик, а изминатава година токму на Илинден Талат на Мечкин Камен говореше на Македонски јазик.

3. Дополнително, токму денес на славењето на двата Илиндени, пред Собранието на РСМ се оджуваше свеченост со интерпретација на албански изведувачи со програма на Албански јазик.

За да денес токму на најголемиот празник кој што ја означува држвотворноста на Републиката, ден кој што е потсетник и света завет да си ја сакаме и чуваме државата, лично јас, но и верувам многу од поддржувачите на ВМРО се чуствуваат гневно, понижено и разочарано!

Според сето ова слободно можеме да заклучиме дека на последните парламентарни избори и за само два месеци после тоа е изиграна и изневерена волјата на гласачкото тело !

Пронајдете не на следниве мрежи: