Руски олигарх кој преживеал два обиди за атентат во Британија, откри дека сакал Том Круз да го глуми во филм – сѐ додека не дознал дека холивудската ѕвезда се забавува со неговата поранешна сопруга.
Дмитриј Цветков по 10 години брак се разделил од сопругата Елсина Хајрова – ќерка на истакнат руски пратеник и сојузник на Владимир Путин – по тешкиот развод кој морал да биде изведен пред Високиот суд претходно оваа година.
Оваа недела, „Дејли меил“ откри дека манекенката (36) се забавувала со Том Круз на елитна забава во лондонски „Мејфер“, од извор кој откри дека тие биле неразделни, изгледале како пар и се чинело дека тој е опседнат со неа.
Цветков изјавил дека дознал за врската дури кога приказната била објавена на интернет, додавајќи дека дискусиите за романсата биле особено надреални, откако претходно зборувал за Круз (61), кој сакал да го игра во филм за неговата животна приказна, пишува „Дејли меил“.
Рускиот тајкун, кој е меѓународен посредник во зделки и трговец со дијаманти, изјавил за Телеграф:
„По пресудата во август, еден мој пријател кој е продуцент во Холивуд ми рече: ‘Зошто не направи филм за сето ова? Ќе се работи за трите обиди за атентат, за разводот’ И јас му реков ‘Добро, но само ако Том Круз ме игра мене во филмот’“.
„Кога бев на училиште во Русија, тој беше толку популарен. Уживав во неговите филмови и тој е одличен актер. Би го направил филмот како ‘Mission: Impossible’ затоа што мене токму така ми се случуваше.’
Тој додаде дека Круз бил речиси две децении постар од него, и двајцата се со слични тежини и висини.
Пронајдете не на следниве мрежи: