СЕ ОСВЕТИЈА ЛИ РУСИТЕ? Австриската полиција не ја потврдува веста дека Наталија Вовк е убиена со над 15 убоди од нож

Австриското Министерство за внатрешни работи не ги потврди информациите за наводното убиство на украинската државјанка Наталија Вовк која е и осомничена за убиство на руската новинарка Дарја Дугина, ќерка на идеологот на Путин, Александар Дугин.

СЕ ОСВЕТИЈА ЛИ РУСИТЕ? Австриската полиција не ја потврдува веста дека Наталија Вовк е убиена со над 15 убоди од нож

„Можеме да кажеме дека не знаеме ништо за таков случај. Затоа не можеме да ја потврдиме оваа информација“, изјави во неделата ТАСС портпаролот на Министерството.

СО ПУЛС24 СЕКОГАШ ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ ⬆⬆⬆⬆

Претходно, извештаите за наводното убиство на Вовк беа раширени во месинџерот Телеграм и повторно објавени од австриски Експрес.

Дарја Дугина (29) работеше во медиумите, вклучително и како дописник во Донбас. Таа беше убиена вечерта на 20 август, кога експлозивна направа одекна во нејзиниот автомобил што се движеше по автопат во близина на селото Болшије Вјазиоми, Московскиот регион.

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) на 22 август за ТАСС изјави дека убиството на Дугина е расветлено. Според ФСБ, убиството било организирано од украинските разузнавачки агенции и извршено од украинската државјанка Наталија Вовк, која побегнала во Естонија.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.