Се отвораат и градинките во Грција

Loading...

Заедно со забавиштата и основните училишта, во понеделник се отвораат и градинките во Грција, што се во надлежност на Министерството за труд и социјални прашања, а одлуката е донесена по соодветната препорака од надлежната Комисија на епидемиолози.
Почетокот ќе биде под конкретни превентивни мерки за заштита од Ковид-19, а според упатствата, употребата на маска е задолжителна за вработените, а произволна за децата.
Со воведувањето на карантинот во Грција на 7 ноември, училиштата, забавиштата и градинките продолжија да работат, меѓутоа една седмица подоцна и тие беа затворени по препорака на Комисијата на епидемиолози за да се намали раздвиженоста на возрасните.

loading...