СЕ ПОБЛИСКУ ДО ЦЕЛТА: Чешка го одобри членството на Финска и Шведска во НАТО

Претставничкиот дом речиси едногласно го прифати приемот на двете северни држави на ноќната седница која заврши рано утрово.

Чешка го одобри членството на Финска и Шведска во НАТО

Сенатот гласаше позитивно претходно овој месец. Последниот чекор од ратификацијата во Чешка е потписот на претседателот Милош Земан. Со децении Финска и Шведска одбиваа да бараат членство во НАТО алијансата.

Сепак, руската инвазија на Украина го промени политичкиот калкулус бидејќи огромното мнозинство луѓе во двете земји сметаат дека членството е клучно за нивната безбедност.

Сите 30 земји-членки на НАТО мора да го ратификуваат предложеното проширување. Досега зелено светло дале 24 земји, меѓу кои и Чешка.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.