Се прашувате зошто го славиме Денот на вљубените ?

Loading...

Не е важно колку била непостојана љубовта, првата половина Февруари е за сите во знакот на црвено. Љубовта е во воздухот, онака како што песната вели (Love is in the air). Но дали сме романтични само на тој одреден ден или цела година?
Треба ли некој да ве потсетува за љубов? Во светот во кој живееме некои работи ги подразбираме само здраво за готово.
Последните неколку години Св. Валентин е одбележан како комерцијален празник на кој целта е да се заработи повеќе, а покрената е и акција за сите оние кои се чувствуваат запоставено и депримирано.
Се прашувате зошто го славиме Денот на вљубените ?
Денот на вљувените стана популарен благодарение на Св. Валентин. Сте се запрашале ли што би се случило доколку тој свештеник тајно не ги венчал римските војници и нивните избранички?
Валентин пред се сакал љубов и иако во тоа време римскиот крал Клаудиј донел наредба со која ниеден римски војник не би смеел да се жени затоа што тоа би му пречело на бојното поле, тој не ја послушал наредбата и почнал тајно да ги венчава со младите девојки ризикувајќи да биде затворен или погубен. Тоа се случило на 14. Февруари и затоа на тој ден се слави храброста на добриот човек кој го ризикувал својот живот за да ги направи среќни другите.
Значи ли дека денот на вљубените е тажен празник? Секако сега доаѓа веста дека млад дечко ја запросил својата девојка пред преполн стадион, неодамна прочитавме и дека еден моторџија од Калифорнија го запре целиот сообраќај за да ја побара за жена неговата девојка и доколку некој дечко планира да ја запроси својата девојка може ни помалку ни повеќе на пат во вселената. Некои претеруваат, а за некои тоа е покажување љубов во јавноста. На денот на вљубените многу парови си го кажуваат судбоносното „ДА“ и планираат заеднички живот- всушност тоа е и многу практично затоа што вашиот сопруг, дечко или партнер никако нема да може да го заборави ТОЈ датум!
Дали сте романтични?
Без оглед дали го славите или не, ви го поставуваме прашањето дали сте романтични? 'Make love not war'-повеќето ќе се сложиме. Пораката за љубов треба да не спојува, не да не разделува. Цвекиња, чоколади, некоја ситница… за да ги потсетите вашите сакани дека навистина сте благодарни што се со вас. Но не го правете тоа само еден ден во годината, туку трудете се секојдневно со различни гестови и ситници…
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Не е важно колку била непостојана љубовта, првата половина Февр

loading...