Се преврте брод кај грчкиот остров Лезбос, загинаа седум мигранти

Loading...

При потонување на брод со илегални мигранти во Егејското Море во близина на грчкиот остров Лезбос, најмалку седум лица се удавиле, а десетици се водат како исчезнати.
Според грчките власти, загинале четири жени, две деца и еден маж. Повикувајќи се на грчката новинска агенција “АМНА“, ТРТ јави дека во чамецот имало околу 80 лица, а според првични информации до сега се спасени 58 лица. Се уште не е позната националноста на жртвите. Пет спасувачки чамци и еден хеликоптер и натаму ја пребаруваат областа во потрага за евентуални преживеани, а спасените се однесени на пристаништето Митилини, пренесе грчкиот весник “Катимерини“.

loading...