Се продава храмот на Аполон во Атина

Loading...

Грчката Агенција за приватизација објави дека на продажба е Аполоновиот храм, археолошка атракција која се наоѓа на плажа во рамки на хотелски комплекс во Атина.

За посета на храмот потребна е дозвола од сопственикот на хотелот, кој по продажбата може да биде и приватно лице, пишува грчкиот неделник Пондики.
Граѓанското движење Алтернативна акција за квалитетен живот се спротивстави на продажбата и побара од Владата, пратениците, политичките партии и судските власти да реагираат.
Движењето бара забрана за приватизација и продажба на археолошкиот храм, инфраструктурата, шумата и плажата.
Аполоновиот храм е откриен за време на археолошките ископувања 1926-1927 година, а неговите димензии се 13 на седум метри.
Аполон е грчки бог на светлината, музиката и медицината, а присутен е во хеленската и римската митологија. Хелените го викале курос и секогаш претставувал идеал за здрав, складно развиен и убав маж.
Макфакс
Грчката Агенција за приватизација објави дека на продажба е Аполоновиот храм, археолошка атрак

loading...
Loading...