Се самоуби маж во скопски Карпош 4

Маж извршил самоубиство скокајќи од балкон во зграда во скопската населба Карпош 4, дознава “Press24“ од очевидци. Според информациите, соседите го забележале безживотното тело пред зградата.
Нема информации кои се причините за самоубиството. Соседите велат дека бил семеен човек, татко на 2 деца. Од МВР се уште нема информации за овој случај.