Се ситни отпорот. Опозициска партија од македонското Собрание го прифати францускиот предлог

Движењето Беса будно ја следи актуелната политичка состојба во земјава, особено во насока на деблокирање на евроинтегративниот процес на земјата по францускиот предлог, велат од оваа партија.

Се ситни отпорот. Опозициска партија од македонското Собрание го прифати францускиот предлог

Уште еднаш го потврдуваме ставот, велат од Движењето, дека интеграцијата на земјата во Европската Унија е единствената опција без друга алтернатива за иднината на Северна Македонија.

„Движењето Беса е информирано од Владата за францускиот предлог и во согласност со партиските одлуки, Движењето Беса уште еднаш потврдува дека ќе го прифатиме секој предлог што го отвора патот за интеграција во ЕУ и дека истиот нема да им наштети на интересите на Албанците во земјата. Исто така, бидејќи францускиот предлог сам по себе подразбира уставни промени, ние, за да покажеме политичка конзистентност од последното отворање на уставот, ќе побараме терминологијата „јазик што го зборуваат повеќе од 20% од населението“ да се коригира во Уставот и да се замени со терминот „албански јазик“, потенцираат во соопштението од Движењето Беса.

„Уште еднаш нагласуваме дека Владата нема капацитет, кредибилитет и легитимитет да управува со државата, затоа го повторуваме нашето барање за организирање на предвремени парламентарни избори во државата“, се додава во информацијата од оваа партија.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.