СЕ СОБИРАТ МУВИ ВО ВАШАТА КУЈНА? Следете ги овие 3 совети

Loading...

Еве неколку многу практични и ефикасни начини да се ослободите од овие здодевни „летни цимери“…
1. Земете проѕирна ќеса, малку вода, неколку монети и јаже за врзување. Ќесата до половина наполнете ја со вода, ставете ги внатре металните парички, а ќесата врзете ја и обесете ја пред влезната врата или пред вратата или прозорците од терасата.
2. Во обична тегла сипете до висина од три сантиметри детергнет за садови и исто толку вода. Детергентот ќе ги привлече мувите, кои потоа ќе се удават во водата. Многу подобри резултатите ќе имате ако користите некој детергнет за садови кој има овошен мирис, на пример, од јаболко или лимон.
3. Мувите бегаат и од мирисот на лутата црвена пиперка. Земете спреј шише и во него промешајте вода и малку лута црвена пиперка. Со ова природно средство испрскајте ја вратата и праговите, прозорците и другите отвори низ кои можат да влезат. Мирисот на лутата пиперка би требало да ги држи мувите на далечина.

loading...
Loading...