Се стега обрачот околу Лукашенко: Балтичките земјии “удрија шамар” на ЕУ и први почнаа да воведуваат санкции

Loading...

Литванија, Летонија и Естонија воведоа санкции и забранија влез во земјата на претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, а истата мерка е донесена и за уште 29 белоруски функционери. Трите земји-членки на ЕУ решија да ги преземат првите чекори, без да чекаат нивните партнери од унијата да го санкционираат Лукашенко.

Балтичките земји постојано го повикуваа Западот да преземе поостри мерки против Лукашенко, кого опозицијата и Западот го обвинуваат за кражба на изборите.

Наметнатите санкции строго важат за Лукашенко и 29 белоруски функционери, кои според мислењето на надлежните од овие три земји учествувале во кражбата на изборите што се одржаа на 9 август.

На овој начин, Литванија, Летонија и Естонија испратија јасна порака до ЕУ дека повеќе не сакаат да чекаат да бидат преземени поостри мерки против белорускиот претседател, туку дека тие самите ќе реагираат на „новата ситуација“.

loading...