Не пропуштајте го нашиот денешен рецепт за торта со чоколадо и банана! Вкусна и сочна, оваа торта е идеална за секаков вид прослава, но, понекогаш и не морате да имате причина за да приготвите добра торта…
Потребни состојки:
525 грама згмечени зрели банани
400 грама кафеав шеќер
340 грама путер
335 грама бело брашно
250 милилитри матеница
100 грама ореви
4 јајца
4 супени лажици какао
2 лажички прашок за пециво
½ лажичка цимет
За фил:
500 милилитри шлаг крем
400 грама темно чоколадо
70 грама путер
1 лажица шеќер во прав
Начин на подготовка:
- Растопете го путерот во тенџере и оставете да добие златно-кафеава боја. По 5 минути префрлете го во друг сад и ставете го во фрижидер да отстои околу 1 час.
- Загрејте ја рерната на 180 степени целзиусови и премачкајте три калапи со пречник од 22 сантиметри.
- Во еден сад измешајте ги сувите состојки како брашното, какаото, циметот и прашокот за пециво. Во друг сад измешајте ги бананите и матеницата.
- Со миксер измешајте ги путерот и кафеавиот шеќер. Мешајте сè додека не добиете изедначена смеса. Постепено додавајте ги сувите состојки, а потоа бананите и матеницата. Мешајте за да добиете еднолична смеса. Додадете ги оревите.
- Поделете ја смесата на 3 еднакви делови и префрлете ја во секој од 3-те калапи. Печете во загреана рерна околу 30 до 35 минути.
- Во меѓувреме подгответе го филот. Растопете го путерот додека не добие златно-кафеава боја. Префрлете го во метален сад заедно со чоколадото и шеќерот во прав.
- Загрејте го шлаг кремот и додадете ги чоколадото и шеќерот во прав. Добро измешајте.
- Намачкајте ја една од корите со кремот и наизменично наредете ги и преостанатите кори. Можете да декорирате со чоколадо и овошје по желба. На здравје!