Се трага по Љупчо Палевски – Палчо, го поврзуваат со случајот на убиената Вања

Љупчо Палевски – Палчо е лицето по кое се трага, а го поврзуваат со киднапирањето на Вања Ѓорчевска. Тој во моментов е надвор од Македонија. Палчо имал контакти со останатите осомничени во групата, а тие го посочиле кога биле приведени.

Тој е претседател на движењето „Трета“ кое беше негово политичко здружување. Станува збор за лице кое беше јавно експонирано, а имаше и свои поткасти.

КОЈ КОГО МРАЗИ, КОЈ ВО СУДНИЦА ИМА УЛИЧАРСКИ ГОВОР? Жестока кавга меѓу Весна Дамева и судијата Нанев
Лични обвинувања и омаловажување меѓусебно денеска си разменија претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева и судијата и поранешен претседател на Основниот суд Кавадарци Лазар Нанев, а за тензичното однесување фокусот …
ПОВЕЌЕ ОД 100 ПОЖАРИ ВО ПОРТУГАЛИЈА, ПРОГЛАСЕНА Е ВОНРЕДНА СОСТОЈБА – Има загинати и уништени се илјадници хектари шума
Во Португалија моментално има повеќе од 100 пожари, а најмалку 7 лица загинаа во Авеиро и Визеу, меѓу кои и пожарникари и цивили, објави цивилната одбрана на земјата. Португалската влада …

Трите лица кои се уапсени се сеуште на распит, по што ќе бидат спроведени во Кривичен суд. Ќе се бара притвор. Неофицијално, приведени се и други лица чии поврзувања во моментов се проверуваат.

Целта на киднапирањето на Вања Ѓорчевска била изнуда. Вмешан бил и член на потесното семејство кој учествувал во изнудата, брифираат извори. Убиството било извршено со пукање од огнено оружје кон Вања.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.