Се укина полицискиот час!
На денешна владина седница е одлучено полицискиот час да биде укинат од утре (среда 27 мај 2020 година). Денеска е последниот полициски час. Од утре нема да има ограничувања.
Угостителските објекти се отвораат од задутре, четврток. За нив важат посебни правила.
Оливер Спасовски рече дека епидемијата е под контрола. Зголемениот број на заразени е поврзан со места каде што не се почитувале мерките кои биле издадени од Владата.
* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!