Се урна балон во Египет, загинаа 19 туристи

Loading...

Страшна несреќа се случи во близина на туристичкиот антички град Луксор, во која загинаа 19 луѓе.

Имено, луѓето загинале кога паднал балонот со кој биле на крстарење околу Луксoр. 
Од Египет јавуваат дека 19 туристи загинале при пад на туристичкиот балон во близина на Луксор, а очевидци сведочат дека на уривањето на балонот му претходела експлозија и дека од него излегувал оган, пишува Reuters. 
Портпаролот на компанијата која е сопственик на балонот, вели дека во него при падот имало 20 туристи и пилот, дека 19 загинале при пад од 300 метри височина. Сè уште не е познато од која националност се туристите, но првите информации зборуваат за Британци, Французи, Јапонци. 
Според првичните информации, за време на летот дошло до експлозија на гас, поради што паднал балонот. 
Фотографот Кристофер Мичел се наоѓал во балонот пред оној што се урнал. 
„Слушнав експлозија и видов чад”, вели Мичел, а објавил и фотографија на балонот снимена непосредно пред полетувањето. 
Историскиот град Луксор лежи на брегот на Нил и е многу популарен меѓу туристите.
Макфакс
Страшна несреќа се случи во близина на туристичкиот антички град Луксор, во која загинаа 19 луѓе.

loading...