Се урна дел од покривот на нуклеарката Чернобил, нема опасност

Loading...

Дел од покривот на украинската нуклеарна централа во Чернобил се урнала ноќта кон средата поради тежината на снегот, но нема никаква опасност од радијација, јавија украинските и руските медиуми во средата.Ѕидните бетонски панели и делови од покривот се урнале во делот на четвртиот нуклеарен реактор, каде се случи големата катастрофа од 1986 година. Оштетена е површина од околу 600 квадратни метри.Во инцидентот нема настрадани, а нивото на радијација во таканаречената зона на исклучување околу нуклеарната централа не е променето, соопшти управата на централата во Чернобил.Со соопштение се огласи и руското министерство за вонредни ситуации коешто ги потврди наводите на управата и додаде дека не е загрозено здравјето на населението.
Во четвртиот реактор на нуклеарната централа во Чернобил ноќта меѓу 25-ти и 26-ти април 1986 година дојде до експлозија која предизвика радијација во зона до 160 илјади квадратни километри на северот од Украина, западот на Русија и југоистокот на Белорусија.Над оштетениот реактор беше изграден саркофаг, а меѓу него и зградите ки останале во употреба е изградена бетонска бариера.Украина на 26-ти април минатата година почна да гради нов бетонски саркофаг кој ќе го покрие четвртиот реактор од нуклеарната централа.
МакфаксДел од покривот на украинската нуклеарна централа во Чернобил се урнала ноќта кон средата поради тежината на снегот, но нема никаква о

loading...