Се чувствувате уморно на работа? Овие 4 совети ќе ја вратат вашата фокусираност

Loading...

Доцното легнување во кревет, недостатокот на мотивација или предолгата листа на обврски – постојат повеќе причини поради кои можеме да се чувствуваме уморно на работа.
Понекогаш одговорот за враќање на концентрацијата се крие во работата со слушалки или ставање на телефонот на вибрации, додека понекогаш за враќање на волјата за работа е потребно само малку смеа, кратка прошетка и пауза.
Во продолжение ви издвојуваме уште неколку едноставни трикови кои ќе ви помогнат да ја вратите мотивацијата за канцелариската работа.


Наместо кафе, пијте вода
Во ред е утрото да го започнете со шолја кафе, но кога попладне ќе ги почувствувате првите знаци на опаѓање на концентрацијата, не посегнувајте по уште една шолја кафе. Кофеинот може да поттикне забрзана работа на срцето, како и потење. Затоа консумирајте вода која исто така ќе ви даде енергија, но и ќе резултира со поздрав организам.
Преуредете го работното место
Понекогаш нередот на работната маса и купот документи кои стојат до вас веќе неколку дена е често причина зошто се чувствувате под стрес. Речиси е невозможно да ја одржите вашата фокусираност кога постојано мора да копате по работите за да го најдете она што ви е потребно. Направете мала пауза и креирајте работно место кое ќе ви мами насмевка на лицето. Купете ароматични свеќи и свежо цвеќе за да го направите вашето биро ваша мала креативна оаза.


Правило “20 минути”
Кога ќе почувствувате дека уморот ве обзема, направите кратка пауза од 20 минути која ќе ја искористите за активности кои немаат никаква врска со работата. Прошетајте низ канцеларијата, излезете надвор, разговарајте со колегите за секојдневни теми или јавете се на некој член од семејството. Таа пауза ќе ви помогне да се опуштите и да продолжите свежи и одморни со работата.
Бидете реални при поставување на целите во денот
Погрижете се правилно да го организирате времето со кое располагате. Секој ден поставете си 3 задачи кои треба да ги завршите и одредете мали чекори кои водат до остварување на тие задачи. Потешките задачи оставете ги за утрото, кога вашата концетрација е на највисоко ниво, а поедноставните обврски резервирајте ги за попладнето.

loading...