СЗО го смени ставот, сега препорача носење на маски

Loading...

СЗО го смени ставот, сега препорача носење на маски

Повеќето држави пред подолго време ги повикаа своите граѓани да носат маски. СЗО неколку месеци изразуваше загриженост дека нема квалитетни докази дека тие се корисни, вчера сепак го смени ставот и ја одобри употребата на маски за лице од страна на јавноста за да се намали трансмисијата на вирусот КОРОНА.

Во петокот СЗО објави проширена листа на препораки со носење маска во јавноста за време на пандемијата на коронавирусот.

СЗО сега советува дека во областите каде што се шири вирусот, луѓето треба да носат платнени маски ако не е возможно да се држи социјална дистанца, како на пример во јавниот превоз и во продавниците.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, рече дека луѓето над 60 години или оние со веќе постојни болести исто така треба да носат маски во ситуации кога не може да се одржи социјалното растојание.

СЗО објави и инфографици за полесно да се разберат препораките:

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...