СЗО: Нов вид на коронавирус пронајден во Данска, Холандија и Австралија

Loading...

Новиот вид на коронавирус, што се појави на југоистокот од Англија, е пронајден и во Данска, Холандија и Австралија, информира денеска техничкиот директор на Светската здравствена организација, Марија ван Керхов.

-Новиот вид на коронавирус се појави во Данска, Холандија и имаше еден случај во Австралија, но таму не се прошири понатаму, изјави Ван Керхов за Би-Би-Си.

Таа потврди дека новиот вид доаѓа од југоистокот на Англија.

-Да. Според информациите споделени од Англија, новиот вид потекнува или од југоистокот на Англија или од Лондон.

Таа додаде дека Обединетото Кралство уште во септември го утврдило постоењето на новиот вид на коронавирус„ што се уште кружеше на југоистокот на Англија“.

-Ние сме загрижени за ширењето на вирусот и фактот дека има многу мутации. Свесни сме дека новиот вид не предизвикува потешки случаи според првичните резултати, но, сепак, студиите се во тек и допрва ќе ги гледаме резултатите, изјави таа.

Ван Керхов рече дека понатамошното секвенционирање на вирусот ќе биде корисно за да се открие дали овој вид кружи и на друго место во светот.

-Колку подолго се шири овој вид, толку е поголема можноста тој да се промени. Ние навистина мора да сториме се што можеме за да го запреме, заклучи портпаролот на СЗО.

Претходно, премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, изјави дека новиот вид на коронавирус е 70 отсто позаразен од претходните видови.

Извор: СЗО Ворлд

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...