СЗО: Пандемијата на мајмунски сипаници е малку веројатна, ова не е Ковид-19

Светската здравствена организација во понеделникот соопшти дека не верува оти епидемијата на мајмунски сипаници, која моментално се шири низ светот, ќе се претвори во пандемија. До 13 мај, потврдени се најмалку 257 случаи на ретката болест во 23 земји каде што вирусот не е ендемичен, најмногу во Европа и Северна Америка, а сомнителни се 120 земји.
Од тие инфекции, 14 се потврдени или осомничени во осум сојузни држави на САД, според Центрите за контрола и превенција на болести.
Според СЗО, во моментов не постои јасна врска помеѓу пријавените случаи и патувањето од земји со ендемични случаи на вирусот.
Запрашан за време на јавната седница во понеделникот дали неодамнешната епидемија може да се претвори во пандемија, д-р Розамунд Луис, технички лидер на СЗО за мајмунски сипаници, рече:
– Одговорот е дека не знаеме, но не мислиме така. Во моментов не сме загрижени за глобална пандемија.
– Загрижени сме дека поединците би можеле да ја добијат оваа инфекција преку изложеност со висок ризик, доколку ги немаат потребните информации за да се заштитат, рече Луис, како што пренесува ABC News.
Таа даде препораки за намалување на ризикот од инфекција, вклучително и избегнување на оние со потврдени или сомнителни случаи на мајмунска сипаница. Ако некој се грижи за некој што ја има болеста – се препорачува избегнување контакт кожа со кожа, редовно миење на рацете, носење маска и чистење на загадени површини.
Преносот од човек на човек се јавува или со гушкање, допирање или продолжен контакт лице в лице, како и со допирање на облеката или постелнината на заразено лице.
Заедно, светот има шанса да ја запре оваа епидемија, рече Луис.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.