СЗО: Потврдени рекордни 262.929 новозаразени лица од коронавирус

Loading...

Светска здравствена организација (СЗО) синоќа соопшти дека во изминатите 24 часа се потврдени рекордни 262.929 случаи на коронавирус. Бројот на смртни случаи е зголем, па сега има вкупно 680.894 лица кои починале како последица на вирусот, а бројот на заразени се искачи на 17.660.523 милиони луѓе. Статистиката на СЗО е заснована на официјално потврдени податоци од земјите.

Во Европа се потврдени вкупно 3.375.535 милиони случаи на Ковид-19 и вкупно 213.284 смртни случаи.

Лидер по бројот на заразени лица се САД со 4.523.888 милиони потврдени случаи по кои следат Бразил со 2.662.485 милиони случаи и Индија со 1.750.723 милион заразени луѓе.

На четврто место е Русија со 850.870 заболени, петта е Јужноафриканската Република со 503.290 инфицирани лица, потоа Мексико со 424.637 заболени и Перу со 407.492..

Меѓу првите десет земји во светот по бројот на заразени лица се и Чиле со 357.658 случаи, Иран со 306.752 заболени и Велика Британија со 303.956 заразени со Ковид-19.

loading...