СЗО предупредува на опасност од туберкулоза во светот

Loading...

Смртоносните соеви причинители на туберкулозата отпорни на лековите се шират по светот и државите итно требаат да вложат уште 1,6 милијарди американски долари годишно за да се борат против овој проблем, објавија светски здравствени експерти во понеделникот.Споменатата сума од 1,6 милијарди американски долари, според експертите, би го овозможил спасувањето на околу шест милиони животи во светот во периодот меѓу 2104 и 2016 година.Земјите би требало да ги зголемат финансиските придонесе за да се интензивира лекувањето на најопасните случаи на болеста, предупредија во заедничкото соопштение Светската здравствена организација (СЗО – WHO) и Светското здружение за борба против СИДА-та, туберкулозата и маларијата.„Се вртиме во круг во моментот кога очајно треба да го зајакнеме нашиот одговор на туберкулозата отпорна на повеќе видови лекови“, вели директорката на СЗАО, Маргарет Чан.Туберкулозата често ја сметаат како болест на минатите времиња, меѓутоа појавите на соеви коишто се отпорни на лековите коишто сега се применуваат при нивното лекување, ја претвори во еден од најважните проблеми на јавното здравство во последната деценија.Од сите заразни болести во моментов единствено инфекцијата со ХИВ вирусот коси повеќе животи. Во 2001 година 87 милиони луѓе заболеле од туберкулозата, а како последица од ова заболување починале 1,4 милиони луѓе.Во Светската здравствена организација веруваа дека до 2015 година најмалку два милиона луѓе може да заболат од соевите на туберкулозата отпорни на сите видови антибиотици.
МакфаксСмртоносните соеви причинители на туберкулозата отпорни на лековите се шират по светот и државите итно требаат д

loading...