СЗО: Пред средината на 2021 не се очекува масовна вакцинација за Ковид-19

Loading...

Светската здравствена организација (СЗО) не очекува масовна вакцинација против новиот коронавирус барем до средината на следната година. Од организација ја потенцираат потребата од многу поригорозни тестирања на ефективноста и безбедноста на вакцината.
Оваа трета фаза (на клиничките тестирања) мора да трае подолго, бидејќи мораме да видиме колку навистина штити вакцината и исто така мораме да видиме колку е безбедна – изјавила Маргарет Харис, портпаролка на СЗО, пренесе Њујорк Тајмс.
Харис додала и дека ниту една од вакцините кои се во подоцнежни тестирања досега не покажала јасен сигнал за ефикасност на ниво од најмалку 50%, кое го бара СЗО.


Од СЗО велат дека податоците од сите тестирања мора да се споделуваат и споредуваат.
СЗО и ГАВИ алијансата за вакцинација моментално го предводат планот за глобална дистрибуција на вакцините позната и како КОВАКС механизмот, преку кој треба рамномерно да се распределат вакцините. Фокусот на почетокот ќе биде ставен на луѓето кои се во најголем ризик од секоја земја, како што се здравствените работници.
Преку КОВАКС се планира дистрибуција на 2 милијарди дози од одобрените вакцини до крајот на 2021 година.
Во меѓувреме Русија дозволи употреба на Ковид-19 вакцина во август по само два месеци тестирање на луѓе, предизвикувајќи некои од експертите од западните држави да се сомневаат во нејзината ефикасност и безбедност.
Експертите за јавно здравје од САД и компанијата „Фицер“ вчера најавија дека вакцина спремна за дистрибуција може да се очекува најрано кон крајот на октомври.

loading...