СЗО се надева дека пандемијата би можела да заврши за две години

Loading...

Шефот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Габриезус, вчера изјави дека се надева оти пандемијата ќе заврши за две години.

Тедрос Аданом Гебреисус, информацијата во јавноста ја соопшти денес и додаде дека и кризата со шпанскиот грип во 1918 година, траела две години.

„Сега нашата ситуација е таква што имаме повеќе технологија, но со поголемата поврзаност вирусот има поголеми шанси да се прошири, може да се движи побрзо“, посочи Гебреисус.

Во светот со новиот вирус Ковид-19 се инфицирани 22.986.700 лица, од кои 799.294 починале, а оздравеле 15.614.808 лица.

loading...