СЗО СО ИТНО СООПШТЕНИЕ – “Предупредувањето на Израел е длабоко вознемирувачко“

Извештајот на палестинската Црвена полумесечина дека добила предупредување од израелските власти веднаш да ја евакуираат болницата „Ал Кудс“ во Појасот Газа е длабоко вознемирувачки.

Ова денес го изјави генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус.

„Невозможно е да се евакуираат болниците полни со пациенти без да се загрозат нивните животи“, повтори тој.

Палестинската Црвена полумесечина претходно објави дека од утрово се вршат рации на 50 метри од болницата, објави весникот The Guardian.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.