Сигнали кои предупредуваат дека не внесувате доволно протеини

Loading...

Ако страдате од еден од овие симптоми, проблемот може да биде што не внесувате доволно протеини во вашето тело.
Месо и јајца
Дури и ако не јадете слатки и грицки, а вашата исхрана е богата со овошје и зеленчук, тоа не значи дека тоа е најздравиот начин на живот. Месото и јајцата се познати како најголем извор на протеини, но ако сте вегетаријанец или веган, тоа не значи дека не можете да вклучите протеини во вашата исхрана. Многу други намирници содржат доволно количество на протеини кои му се потребни на вашето тело.
Протеините се составени од амино киселини кои често се опишуваат како „блокови на животот“. Иако има илјадници аминокиселини, на нашето тело му се потребни само 22. Телото произведува 13 од нив, а останатите 9 треба да се внесат преку храна или пијалак. Многу е важно да консумирате храна која е богата со овие амино киселини.
Богати извори
Затоа не избегнувајте храна како пилешко, мисирка или говедско месо, јајца, риба и млеко. Вегетаријанците дефинитивно треба да вклучат тофу и друга храна од соја, која е богат извор на протеини, но и мешунки како грашокот.
Протеините се наоѓаат и во млекото од соја, јаткастите плодови, наутот, леќата, спанаќот и путерот од кикирики.

loading...
Loading...