Вчера во 14:25 часот по локално време силен земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала ја погоди западна Турција. Повредени се 23 лица, а оштетени се повеќе домови. Епицентарот на земјотресот бил во градот Бозкурт во провинцијата Денизли, соопштија властите. Градоначалничката на Бозкурт, Бирсен Стил изјави дека во земјотресот биле урнати неколку куќи, а голем број се оштетени.
