Силен земјотрес регистриран во Чиле

Силен земјотрес синоќа е регистриран во Чиле, а последиците беа почувствувни и во главниот град Сантјаго за време на опозицискиот протест поради незадоволството од економската ситуација во земјата.
Засега нема податоци за евентуално повредени лица или причинета штета при земјотресот со интензитет од 6,3 степени според Рихтеровата скала.
Епицентарот на земјотресот бил југозападно од Илапела, на длабочина од 49 километри. Земјотресот бил почувствуван и во другите градови во централниот дел на Чиле.

Loading...