Силен земјотрес утрово ги погоди Филипините

Најмалку едно лице настрадало, а повеќе од 40 се повредени во силен земјотрес кој утрово ги погоди Филипините. Земјотресот со јачина од 6,8 степени по Рихтер го погоди островот Минданао на југот од Филипини.
Канцеларијата за цивилна заштита соопшти дека еден 66-годишен маж им подлегнал на повредите, а дека повеќе од 40 луѓе се повредиле додека бегале од своите куќи кога се случил потресот.
Ова е втор земјотрес овој месец во Филипини, во претходниот загинаа пет лица а причинета е и голема материјална штета.

Loading...