Силен земјотрес утрово ја погоди Индонезија, има жртви

Loading...

Силен земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтер денеска ја погоди Индонезија, соопшти Геофизичкиот институт на САД. Земјотресот се случил во 8:46 часот по локално време.
Според првичните информации на локалните власти во земјотресот загинале повеќе лица. Епицентарот на земјотресот е на 37 километри североисточно од градот Амбон во провинцијата Малуку, на длабочина од 29 километри. Потресот оштетил неколку згради, а во градот Амбон е оштетена зградата на Универзитетот, како и мостот пренесе АП.
Претставник на локалната власт за медиумите изјавил дека при потресот и уривањето на зградата на Исламскиот универзитет загинала професорка.

 

loading...