Силен земјотрес ја стресе Албанија

Loading...

Албанија ја потресе земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала.

Епицентарот бил во близина на Елбасан. Земјотресот е регистриран синоќа во 1 часот и 25 минути на длабочина од 20 километри.

 – Според првите информации, никој не е повреден, ниту е пријавена материјална штета – соопшти надлежното Министерство. 

Во последните 24 часа во Албанија се регистрирани 11 земјотреси со јачина од 2 до 4,5 степени според Рихтеровата скала.

loading...