СИЛНАТА ВЕРА ВО БОГ МОЖЕ ДА ВЕ ИЗЛЕЧИ!

Loading...

Кога Исус Христос бил на Земјата во неговата тригодишна служба Тој постојано лекувал. За Него било напишано: „Духот Господов е врз Мене; зашто Господ Ме помаза. Ме прати да им соопштам радосна вест на бедните. Ме прати да им проповедам на заробените ослободување и на слепите прогледување, да ги пуштам на слобода напатените; да ја проповедам благопријатната година Господова!”
Тој и денес лекува. Тој и денес сака да ни помогне. Само треба да имаме вера. “и ете, една жена, која беше страдала дванаесет години од крвавење, се приближи одзади и се допре до крајот на облеката Негова. Зашто си велеше: „Само ако се допрам до облеката Негова, ќе оздравам.” А Исус штом се заврти и ја виде, рече: „Не плаши се, ќерко, верата твоја те спаси!” И оздраве жената во тој час.“ (Матеј 9,20,22)
“Додека Тој уште зборуваше, дојдоа од кај началникот на синагогата и рекоа: „Ќерка ти умре; што Му создаваш уште труд на Учителот!”Но Исус, откако ги чу тие зборови, му рече на началникот на синагогата: „Не плаши се, само верувај!” (Марко, 5,35,36)
Во сличен случај Тој исто така ја нагласува верата како важен услов. И ете, една жена Хананејка, излезе од оние краишта, повика кон Него, велејќи: „Смилувај ми се, Господи, Сине Давидов! Ќерка ми жестоко ја мачи демон.” Но Тој не и одговори ниту збор. И пристапувајќи до Него, учениците Негови Го молеа и велеа: „Отпушти ја, зашто вика по нас.”
А Тој одговори и рече: „Јас сум пратен само кај загубените овци на домот израелски.”
Но таа, кога пристапи, Му се поклони и велеше: „Господи, помогни ми!”
Тој, одговарајќи и рече: „Не е добро да се земе лебот од децата и да се фрли на кучињата.”
Но таа Му рече: „Да, Господи, но и кучињата јадат од трошките што паѓаат од трпезата на нивните господари.”
Тогаш Исус одговори и рече: „О, жено, голема е твојата вера; нека ти биде по желбата твоја!” И во тој час оздраве ќерката нејзина.
Често ние имаме слаба вера и не веруваме дека може да бидеме излечени, но Бог има решение и за тоа. Тој на еден загрижен татко кој имал дете болно долги години исплашен дека нема доволно вера побарал помош од Бог и Бог не го отфрлил, Тој видел дека таткото има силна желба детето да оздрави и му покажал дека доволно е да покаже малку вера колку семе синапово и ќе може да помести и планини. Овој случај е запишан во Евангелието по Марко: Го праша Исус татко му: „Колку време има откако станува тоа со него?” Тој одговори: „Од детството; 22 и многупати духот го фрлал во оган, и во вода, за да го погуби: но, ако можеш, смилувај се над нас и помогни ни!”
А Исус му рече: „Ако можеш да поверуваш – сè е можно за оној што верува!”
И одеднаш таткото на момчето извика и со солзи рече: „Верувам, Господи, помогни му на моето неверие!” (Марко 9,21.24)
Ако денес ве мачи болест и сакате Бог да ве излечи , не плашете се да Му речете на Бог како овој татко „Верувам, Господи, помогни му на моето неверие!”. Тој ве чека и сака да ја зајакне вашата вера и сака да ви помогне. Побарајте го и Верувајте Му. Тој е Најголемиот Лекар на светот.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...